Кузмановски не играше поради ситна повреда, Хановер го освои турнирот во Вилхемсхафенер

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се радуваше на својот прв трофеј во новиот клуб, откако Хановер со две победи го освои турнирот во Вилхемсхафенер.

Тимот предводен од Карлос Ортега на доминантен начин, преку убедлива победа над домаќинот Вилхемсхафенер од 33-24 обезеди меч за трофеј, во кој се сретна со големиот ривал Лемго

Во финалето се играше израмнет и возбудлив натпревар, па победникот мораше да биде решен по изведувањето на пеналите, затоа што по 60 минути игра на семафорот стоеше 26-26. Во пенал рулетот посреќни беа „зелените“ од Хановер, кои славеа со 34-32. 

Кузмановски, кој пред една седмица имаше блескаво деби со осум гола, поради ситна повреда не настапи на овој турнир, но се очекува наскоро да се врати во стројот на Ортега.