Кузмановски му даде четири гола на РНЛ, Хановер без лек за Колбахер

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше солиден меч за Хановер во Бундеслигата против Рајн Некар Левен, ама неговиот тим не успеа да слави (28-33) во пресметката во рамки на 26. коло.

Средниот бек доби солидна минутажа и на оваа средба успеа да постигне четири гола во мрежата на Паличка (4/8), а исто така додаде и уште две асистенции. Кузмановски беше втор стрелец во својот тим, веднаш зад Хансен со пет гола.

Но, Хановер немаше лек за расположениот Колхабер од РНЛ, кој блескаше на овој дуел и заврши со 11 гола од 13 обида. Втор стрелец кај „лавовите“ од Манхајм беше искусниот Шмид со пет погодока од шест обида.

Рајн Некар Левен е на второто место во Бундеслигата, додека Хановер е во резултатска криза и има пет порази по ред, поради кои се наоѓа во долниот дел на табелата.