• Мартин Танасковски
Капитенот на Металург, Филип Кузмановски, по победата над Војводина (30-26) ја отвори душата на прес-конференцијата и кажа дека клубот е во тешка финансиска состојба и дека ситуацијата мора да се реши во најбрз можен рок, во спротивно ќе се случи најтемното сценарио - ќе дојде крајот.
„Покажавме на терен дека на првото место ни е ракометот, а потоа финансиските работи поради кои имаме големи проблеми и се мачиме. Јас како капитен потенцирав во соблекувална дека треба да го дадеме максимумот за себе. Сите што добија шанса ја искористима, ја имаме најмладите екипи во СЕХА-лигата. Нашата управа мора да среди се. Не е коректно од нивна страна. Ова вака нема да продолжи долго“, изјави Кузмановски.
Македонскиот репрезентативец даде вкупно три гола во мрежата на противникот, а за Металург ова беше прва победа во првиот меч од 2018 година.