Кузмановски: Магдебург е врвен клуб со одличен тренер, ќе биде задоволство да игра со нив

Откако минатата недела ја пречека големата Барселона во Битола, битолски Еурофарм Пелистер вечерва гостува кај актуелниот првак на Европа. Треппат во последните пет години битолчани гостуваат кај клубот од источна Германија, кој е еден од најтрадиционалните во оваа ракометна земја.

Натпреварот е посебен за Филип Кузмановски, кој од 2018 до 2020 година го носеше дресот на Магдебург.

„Магдебург ми буди пријатни спомени, бидејќи беше првиот клуб кој ми ја отвори вратата од интернационалниот ракомет и Бундеслигата. Се работи за врвен клуб, клуб со голема традиција, денес има силен ростер и одличен тренер. Задоволство ќе биде да се игра против европскиот првак“, рече капитенот на пелистерци, Филип Кузмановски.

Одамна македонска екипа не успеала да изненади бундеслигаш во евро-куповите. Во септември Алкалоид Ракомет двапати загуби од Хановер, а последната радост е ланската победа на Вардар 1961 против Мелсунгем во групната фаза на Европската лига.