Кузмановски: Карабатиќ е мој идол и не беше лесно да се игра против него

Филип Кузмановски и Ацо Јоноски по мечот со Франција

Битолчанецот Филип Кузмановски синоќа дебитираше на едно големо натпреварување и веднаш против неговиот идол, Никола Карабатиќ. Не ги криеше емоциите пред новинарите на официјалната прес-конференција и на брифингот подоцна.

„Ние добро игравме сè до пред крајот, но сепак паднавме во самата завршница, па мислам дека резултатот на крајот не е реален. Не заслуживме така убедливо да загубиме. Сепак, честитки за Франција. Одиме понатаму и се надевам дека на следниот натпревар ќе бидеме подобри. Не ми беше лесно да играм против Карабатиќ, кој е мој идол, но сепак, ете, играв против него и тактички имав одредени задачи кои ги одработив“, истакна младиот Кузмановски.

Во овој млад ракометар добиваме алтернатива на бековските позиции, каде во последните неколку години бевме најтенки и кубуревме со најмногу повреди.