• Иван Димовски
Ракометарите на Вецлар се последнопласирани во Бундеслигата и ги очекува грчевита битка за опстанок. Во рамките на шестото коло, екипата во која настапува Филип Кузмановски загуби од Хамбург со 30-25 (13-12).
Иако Вецлар влезе добро во мечот, немаше сили за да изненади. Филип Миркуловски и стручниот штаб добро го поставија дуелот, ама фаворитот успеа да се наметне пред полувремето. Во второто Хамбург беше апсолутно подобар и лесно зачекори кон победата.
Македонскиот репрезентативец Кузмановски одново имаше скромен учинок. Битолчанецот даде еден гол од трите обиди, не успевајќи да му помогне на својот тим да избегне пораз.