Кузмановски и Митревски меѓу најдобрите по есенскиот дел на ЛШ

По првите десет кола во групната фаза на Лигата на шампионите ниту една екипа не отскокна и не се наметна. Сите шеснаесет тимови се во игра за осминафинале, а најдобрите четири и за директен пласман во четвртфиналето.

Индивидуалната статистика покажува дека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер има двајца актери меѓу најдобрите во Европа. Кузмановски е меѓу најдобрите стрелци и асистенти, а Митревски меѓу најдобрите голмани по есенскиот дел на елитното натпреварување.

Најдобри стрелци на Еурофарм Пелистер по првите десет кола во Лигата на шампионите:
1. Филип Кузмановски - 61 гол
2. Богдан Радивојевиќ - 39 гола
3. Жарко Пешевски - 24 гола

- Никола Митревски - 98 одбрани на 9 натпревари
- Филип Ивиќ - 17 одбрани на 9 натпревари

- Филип Кузмановски е најдобар клупски асистент со 29 асистенции на 10 натпревари.

Напролет Еурофарм Пелистер во Битола ќе ги пречека Динамо Букурешт и ПСЖ и ќе гостува во Берлин и Лисабон.