Кузмановски и Магдебург сакаат место во Лигата на шампионите

Поранешниот европски првак и една од најкултните ракометни екипи во Германија, тимот на Магдебург аплицираше за вајлд-карта и место во Лигата на шампионите следната сезона. Откако е сменет системот на натпреварување клубот од Магдебург никогаш не играл во елитата, но неколку пати остави трага со своите добри настапи во ЕХФ Купот.

Магдебург достави апликација и верува дека има реални шанси да добие покана од ЕХФ. Од следната сезона дресот со зелено-црвена боја ќе го носи и македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.

ЕХФ ќе одлучи на 25 јуни кому ќе му довери покана за настап во Лигата на шампионите, а од нашата земја покана очекуваат Еурофарм Работник и Металург.