Кузмановски и Магдебург преку Адемар Леон до втора победа во ЕХФ Купот

Ракометарите на Магдебург направија пресврт во вториот дел кај Адемар Леон (27-31) и прокнижија нови бодови во ЕХФ Купот.

Шпанскиот претставник не издржа до крај и вторпат сезонава е поразен во групната фаза. Одличната ефикасност на бундеслигашот во вториот дел беше клучна за конечниот исход на средбата.

Домаќинот ја имаше предноста на своја страна во првите 30 минути, играјќи максимално посветено на двете страни од теренот. Меѓутоа противникот одговори со брза серија во продолжението која го најави пресвртот.

Хорнке беше расположен за игра и го полнеше голот на домашниот голман. Во еден момент Магдебург се одлепи на највисоки +5 и стави точка на овој натрпевар.

ЕХФ Куп, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 НантНант 1 1 0 0 34:28 6 2
2 МагдебургМагдебург 1 1 0 0 32:26 6 2
3 Адемар ЛеонАдемар Леон 1 0 0 1 28:34 -6 0
4 ГорењеГорење 1 0 0 1 26:32 -6 0