Кузмановски и Хановер прокнижија победа, реми на Вецлар на Миркуловски

Екипата на Хановер во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски прокнижи нова посакувана победа и славеше над Мелсунген (31-23) во рамки на Бундеслигата.

Нашиот репрезентативец на средната бековска позиција доби минутажа, но немаше улога во нападот. Зад своето име Филип Кузмановски запиша една асистенција. Најдобар стрелец кај Хановер беше Хансен со десет гола, додека Кастенинг кај противникот имаше осум.

Филип Миркуловски и Вецлар доживеаја изненадување и ремизираа со Ерланген (28-28). Слично како и Кузмановски, Миркуловски запиша една асистенција. Линдског беше најефикасен со девет гола кај Вецлар, а кај Ерланген, Ивиќ реализираше седум пати.

На останатите бундес-натпревари Минден победи кај Кобург (24-28), а Магдебург беше доминантен со Есен (34-28).