Кузмановски и Хановер немоќни кај Кил, пораз и за Миркуловски и Вецлар

Филип Кузмановски и неговиот Хановер одново ги разочараа своите фанови со пораз во Бундеслигата, откако останаа немоќни во дуелот со гигантот Кил и на гостински терен загубија со убедливи 13-24.

„Зебрите“ до својата седма овосезонска победа стигнаа по одлично второ полувреме, во кое влегоа во посакуваниот ритам на игра и го скршија отпорот на противникот, кој имаше квалитетен прв дел и негатива од само два гола (13-11). Македонскиот репрезентативец зад своето име запиша само еден гол, од три обиди, додека најдобар стрелец во таборот на Хановер беше Мартиновиќ со четири погодоци. Прв стрелец кај победничкиот тим беше Екберг со седум гола.

Пораз забележа и Филип Миркуловски, кој со својот Вецлар беа немоќни на гостувањето кај Лајпциг и загубија со 30-26. Искусниот репрезентативец на Македонија остана без учинок, а поранешниот член на Еурофарм Пелистер, Томислав Кушан имаше одличен натпревар и пет гола.