Кузмановски и Хановер ја добија драмата со Ерланген 

Кузмановски

Екипата на Хановер стави крај на лошите резултати и им се врати на победите во домашниот шампионат, откако со минимални 27-26 (14-16) славеше во драмата против Ерланген.

Ракометарите на Антонио Карлос Ортега, кој многу веројатно ги минува последните денови на клупата на бундеслигашот и се сели во Барселона, лошо го отворија денешното дерби. Ерланген ја имаше контролата врз играта во текот на целиот прв дел и мудро го чуваше водството на своја страна, додека Хановер играше брзоплето и со многу технички грешки, па затоа на полувреме замина со негатива од два гола (14-16).

Но, на стартот на вториот дел домаќинот конечно презеде сè во свои раце, фати ритам и направи комплетен пресврт. Во последните десет минути од натпреварот се влезе со позитива на Хановер од два кола, која Ерланген не успеа да ја анулира и заслужено со пораз се враќа за дома.

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, доби солидна минутажа во двата правци, а зад своето име запиша само еден погодок.