Кузмановски: Голманот бранеше сè, победата на Загреб е заслужена

Екипата на Еурофарм Пелистер не успеа со победата да ја заврши годината во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион го одигра можеби најдобриот гостински натпревар сезонава во елитата, но ниту тоа не беше доволно за триумф кај Загреб.

Капитенот Филип Кузмановски за „Спортски Новости“ ги нотираше причините за поразот од хрватскиот тим од 27-23.

„Сите знаат дека во Загреб не е лесно да се игра. Имавме мали проблеми со ротацијата, тоа се почувствува во второто полувреме и Загреб заслужено славеше. Нивниот голман одбрани сè во продолжението и со тоа го турна својот тим кон победата“, прокоментира Кузмановски.

Есенскиот дел од сезоната во Лигата на шампионите пелистерци ја завршија со само две победи – над Загреб и ПИК Сегед на свој терен.