Кузмановски главен разигрувач на Хановер во новиот Бундес-триумф

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски продолжи со солидните партии во Бундеслигата. Хановер на гостински терен славеше над Кобург (26-33), а средниот бек беше главен разигрувач.

Кузмановски не шутираше многу, имаше еден гол од еден обид, но затоа беше главен кај асистентите. Мечот го заврши со вкупно четири асистенции и беше главен разигрувач на теренот заедно со Нејц Цехте, кој исто така запиша четири асистенции.

Убедливо прв стрелец кај Хановер беше Иван Мартиновиќ со 8/8, пред Евгени Певнов со 7/7, Кај Кобург, Билек постигна пет гола, а Варвне додаде четири.

На останатите натпревари, Вецлар и Миркуловски загубија од Лемго (21-27), Кил беше сигурен против Ерланген (31-25), Бергишер двоцифрено триумфира кај Есен (22-32), додека дуелот меѓу Гепинген и Флензбург на изненадување заврши без победник (28-28).