Кузмановски добива нов колега, норвешки пивотмен се сели во Магдебург

Екипата на Магдебург има големи планови за иднина. Доказ за тоа е нивната активност на трансфер пазарот. Откако извиси во битката за Менсах Ларсен, иако финансиската понуда беше подобра од таа Флензбург, Магдебург се сврти кон тимот на Минден и од таму доведе големо засилување. 

Според повеќе германски медиуми, следното лето во тимот треба да пристигне норвешкиот кружен напаѓач, Магнус Гулеруд. Пивотменот игра во бундеслигашот Минден од 2016 година, кога стигна од Сондерски. 

Гулеруд е репрезентативец на Норвешка од 2010 година и веќе запиша 116 настапи. Со својата земја на двапати се закити со сребрен медал од Мундијалите во 2017 и 2019 година.