ВИДЕО: Кузмановски бомбардираше и во Германија – од место ја „скина“ мрежата на Магдебург

Филип Кузмановски беше видно мотивиран против својот поранешен клуб Магдебург. Во натпревар од шестото коло на Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер гостуваше кај европскиот шампион, а капитенот Кузмановски одлично се претстави пред некогаш својата домашна публика. 

Левиот бек на пелистерци постигна четири гола во првиот дел, од кои последниот беше супер-атрактивен, откако од место распали „бомба“ и ја „скина“ домашната мрежа.

Покрај Кузмановски, солидни во првото полувреме беа уште Пешевски со три гола и Митревски со шест интервенции.