Кузмановски блесна против Балинген на Талески со „пет од пет“!

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски одигра одличен натпревар за Магдебург, во победата кај Балинген (32-34) во чии редови настапува Филип Талески.

Бекот конечно ја доби довербата што ја заслужува, па возврати со ефектна партија во нападот. Кузмановски имаше пет обида на овој натпревар, а сите пет ги претвори во гол. Филип Талески заврши без учинок.

Мартин Томовски и неговиот Лудвигсхафен забележаа триумф кај Ерланген (23-27). Томовски се најде меѓу стативите и имаше три одбрани. Полн плен не успеа да освои Филип Миркуловски кој даде два гола, ама Вецлар загуби од Лемго (32-27).

На останатите натпревари Фуксе Берлин изненадувачки на домашен терен загуби од Нордхорн (30-32), а Мелсунген на домашен терен беше подобар од Бергишер (28-25).