Кузмановски без учинок, Хановер испушти добар резултат со Фуксе Берлин

Ракометарите на фуксе Берлин ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Хановер и славеа со 22-25 (12-13) во дуелот од седмото коло на Бундеслигата. Берлинците се лидер во првенството, а на челната позиција ќе останат барем до недела и дуелите на Магдебург и Кил. 

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски беше без учинок на овој натпревар, во кој неговата екипа загуби од фаворитот. 

Иако Хановер тргна добро, се играше изедначено и домашните во поголем дел од првото полувреме водеа, сепак искуството си го направи своето. Фуксе на пауза замина со гол предност (12-13), ама не успеа да материјализира. Во вториот дел, домашните ракометари пак прикажаа добра игра, дојдоа во повеќе наврати и до три разлика, ама концентрацијата падна во финишот и Фуксе Берлин со добра серија дојде до победата. 

Головите во двата табори беа добро распоредени, а најефикасен беше Ханс Лидберг со шест реализации, додека по четири имаа Маверс и Андерсон. Кај голманите, домашниот чувар на мрежата Урбан Лесјак имаше 11 интервенции, додека една помалку имаше Дејан Милосављев.