Кузманов ги водеше неготинци до победа над Делчево

Ракометарите на Вардар Неготино запишаа уште една победа во Првата лига. Во Неготино избраниците на новиот тренер Никола Филипов Фујка, го победија составот на Делчево Вардар со убедливи 32-24 (17-12).

Победникот беше решен уште во првиот дел кога домашните ракометари водеа со пет разлика, а во вториот дел само ја одржаа и ја надградија предноста за конечните +8 (32-24), иако претходно водеа и со 12 голови.

Најдобар стрелец во домашниот тим беше Драган Кузманов, кој се враќа на терен после повредата и постигна десет голови, а Кире Паланков даде шест. Кај гостите од Делчево се истакнаа Гоце Ѓорѓиевски со осум и Мирче Ѓорѓиев со шест погодоци.