Кузманоски: Верувам во добра игра, исполнета сала и пласман во Задар

Од оваа сезона неколку поранешени ракометари на Еурофарм Пелистер 2 добија унапредување во првиот тим на култниот битолски клуб. Еден од нив е репрезентативното крило Цветан Кузмановски. Стружанецот ќе дебитира во официјален натпревар утревчер против Мешков Брест.

Пред СЕХА-четвртфиналето Кузмановски зборуваше со медиумите. 

„Минавме тешки припреми во Маврово. Таму бевме една недела и напорно трениравме. Следеше турнирот во Струга, каде игравме добри натпревари со квалитетни екипи. Тие натпреварите ни послужија за воигрување на екипата и подготвени го чекаме утрешниот натпревар. Исто така нестрпливи се и нашите навивачи и битолската јавност. Се надевам дека салата ќе биде исполнета и верувам во победа“, смета десното крило на пелистерци.

Голем дел од билетите се распродадени, па се очекува полна сала и обид Еурофарм Пелистер првпат да се избори за завршен турнир на СЕХА лигата.