Кузманоски успешно опериран, го чека долга пауза

Неполн месец по повредата на лигаментите од коленото репрезентативното крило Цветан Кузманоски успешно е опериран. Ракометарот на Еурофарм Пелистер се повреди на мечот со Бутел во рамките на четвртото коло на плеј-офот. Уште на прв поглед повредата изгледаше сериозно и застрашувачки, а еден од капитените на тимот Жарко Пешевски на раце го изнесе помладиот соиграч.

Цветан Кузманоски настапува за првиот тим на Еурофарм Пелистер од 2021 година и е важен дел од ростерот. Претходно тој беше дел од Еурофарм Пелистер 2 и Струга на почетоците на кариерата.