Кузманоски трет најдобар стрелец меѓу играчите под 22 години

Левото крило Цветан Кузманоски беше најефикасен на првиот меч на Македонија против Словенија, а одличниот настап го продолжи на следните два меча.

Меѓу играчите помлади од 22 години на Европското првенство, нашиот репрезентативец се најде на третото место на листата најдобри стрелци. 22-годишникот на трите натпревари запиша 15 погодоци.

На врвот е Унгарецот Доминик Мате со 17 гола, колку што постигна и Сергеј Косоротов од Русија.

Данскиот ракометар Матиас Гидсел беше стрелец на 12 погодоци. Меѓутоа тој имаше најдобар просек од шест гола по натпревар меѓу конкуренцијата под 22 години.