Кузманоски прозиваше, подмладениот Бутел тргна во подготовки

Скопскиот суперлигаш Бутел ги стартува подготовките за новата сезона во мак-ракометот. 

Тренерот Горан Кузманоски го свика првиот тренинг, со тимот се запозна и новиот асистент Стефан Стојановски, а тука беа и пет од осумте новајлии во ростерот. На стартот на подготовките доцнат младинските репрезентативци Дејан Михајловиќ, Дамјан Субашевски и браќата Теодор и Димитар Узунчев.

Веројатно како никогаш досега подмладен Бутел тргнува во припремите за следната сезона. Подготвителниот период ќе се одвива во Скопје, ќе се тренира во салата „Антон Димитров“, а планирани се осум тест натпревари. Закажани се два натпревари со Вардар 1961, потоа ќе игра против Врање и Куманово, а ќе се одиграат и два натпревари во Србија. Бутел ќе биде учесник и на Меморијалниот турнир во Ѓаково во чест на Денис Тот.

Бутелчани се засилија со Драган Шољиќ, Матеј Новаковски, Хусеин Кадах, Теодор Тодески, Тодор Узунчев, Леонид Киселовски, Мартин Петровски и Димитар Узунчев.