Кузманоски: Ова е успешна европска дебитантска сезона за Еурофарм

Еурофарм Работник ја запиша третата сезонска победа во Лигата на шампионите. Дебитантската сезона на тимот од Битола заврши со успех, а Горан Кузманоски по мечот истакна дека е задоволен од одиграната групна фаза.

„Им честитам на ракометарите на Бидасоа Ирун за освоеното прво место во групата. Уште пред стартот на сезоната очекував дека тие ќе бидат на самиот врв.

Што се однесува до нашата игра, денес одигравме лош прв период од мечот, но потоа покажавме карактер и желба, па се вративме во игра за бодовите. Сакам да ја пофалам и публиката, која ни даде крилја за победа. Вечерва ги постигнавме тие голови кои претходно ни фалеа во драматичните натпревари кои ги загубивме. 

Можеби некој нема да се согласи со мене, но јас мислам дека оваа сезона за нас беше успешна. Сепак, треба да се земе предвид дека сме дебитанти...“ , рече средниот бек на битолчани.

За три дена, во „Боро Чурлевски“ ќе гостува ППД Загреб, што ќе биде нова можност за Еурофарм да ја израдува својата публика.

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 10 6 3 1 297:246 51 15
2 СпортингСпортинг 1 10 6 2 2 309:266 43 14
3 СавехофСавехоф 1 10 6 0 4 268:278 -10 12
4 Татран ПрешовТатран Прешов 1 10 3 1 6 260:279 -19 7
5 КоксКокс 1 10 3 0 7 239:290 -51 6
6 Еурофарм ПелистерЕурофарм Пелистер 10 3 0 7 265:279 -14 6