Кузманоски остана без еден од асистентите во Бутел Скопје

Ракометниот клуб Бутел Скопје објави соопштение до јавноста дека спогодбено е раскинат договорот со тренерот во младинските категории Дарко Јанев.

Јанев долги години работеше во младинските категории на Бутел Скопје, а беше и дел од првиот тим како асистент на Кристијан Грчевски и Горан Кузманоски.

Од таборот на Бутел Скопје му се заблагодарија на Јанев за досегашната работа и му посакаа многу среќа во понатамошната кариера