• Иван Димовски

Ракометниот Куп на Македонија доби датум и домаќин, па по две години повторно четирите екипи ќе се борат за трофејот во Охрид.
Првичните желби и идеја на РФМ беа Куп-завршницата да се одигра овој викенд кој ни претстои, меѓутоа порадифиналеот на Алкалоид во Европскиот куп на ЕХФ терминот беше сменет. Охрид беше одбран за град-домаќин, а термин за одигрување на завршниот турнир во Купот на Македонија е 31 мај и 1 јуни.
Така, Охрид ќе има шанса на домашен паркет да брка изненадување во Купот, додека трофејот ќе го брани Алкалоид, а за него ќе се борат и фаворитите Вардар и Еурофарм Пелистер.
Полуфиналните парови ќе се одредат преку ждрепка која РФМ ќе ја одржи на 21 мај (среда).