Куп-жени: ЖРК Металург ќе го предизвика ЖРК Куманово, ѓорчепетровки на мегдан со Чаир

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија се извлекоа паровите за завршните турнир во машка и женска конкуренција во Купот. 

<<< - ПОВРЗАНО - Куп-ждрепка: Две скопско-битолски пресметки во полуфиналето!

Кај дамите во разигрувањето за трофејот ќе се борат ЖРК Куманово, ЖРК Металург, ЖРК Чаир и ЖРК Ѓорче Петров. Ланската титула во Купот на Македонија ја освоија кумановчанки, па сега во Кавадарци ќе го бранат приматот. 

Во полуфиналната фаза Куманово ќе се судри со Металург, додека ѓорчепетровки одат на дуел со Чаир. 

  • Полуфинални парови во Купот на Македонија: 

ЖРК Куманово - ЖРК Металург (14.05.2022, 14:00 часот)
ЖРК Ѓорче Петров - ЖРК Чаир (14.05.2022, 17:00 часот)

Мажите ќе ја отворат завршницата во салата „Јасмин“ в петок, додека дамите ќе се судрат в сабота. Финалните натпревари и завршницата на викендот се закажани за в недела.