ВИДЕО: „Кунг-фу“ цепелин на ракометарите на Тулуз против Нант!

Екипите на Нант и Тулуз го одиграа единственото реми од 20. коло на ракометниот шампионат на Франција

Дербито заврши со резултат 29-29, а најубавиот детаљ на натпреварот го изведоа домашните ракометари. кои постигнаа навистина фантастичен погодок. Максим Џилберт фрли цепелин, а Немања Илиќ постигна погодок во кунг фу стил. Голманот на Нант немаше друг избор освен да ја извади топката од мрежата. 

  • Атрактивниот гол на ракометарите на Тулуз:

Македонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров натпреварот го заврши со два постигнати гола, а имаше и две асистенции.