Кумановки лесно се справија со Деспина за осма победа во Суперлигата

Ракометарките на Куманово продолжуваат со одличните настапи во новата сезона во женската Суперлига и денес го запишаа својот осми триумф, од исто толку одиграни натпревари.

Кумановки перфектната серија ја продолжија на свој терен, откако со убедливи 43-14 славеа над екипата на Деспина, која денешниот пораз ѝ е втор во низа, а трет во новата сезона. 

Мила Трајковиќ со девет гола и Александра Боризовска со седум, беа најпрецизни во редовите на победничката екипа, а на голот фантастична беше и Марија Јовановски со 14 успешни интервенции. 

Од денешната програма на Суперлигата, нова овосезонска победа извојува Стружанка, откако на гости славеше над тимот на Шампион со 24-27.