Кузмановски даде еден гол, Минден во последна секунда го победи Хановер

Ракометарите на Минден се радуваа на домашен триумф над Хановер (28-27), откако во доцна драма беа поуспешни со гол во завршните секунди. Иако екипата каде што игра Филип Кузмановски долго водеше, а и во финишот беше пред победа концентрацијата падна во последните напади. 

Домашните ракометари подобро го отворија мечот, имаа резултатска контрола која не ја задржаа. Хановер се разигра, со неколку мини-серии стигнаа до позитива, а пред полувремето поведоа и со најубедливи +5. Сепак, Минден делумно се врати и резултатот на пауза гласеше 14-16. 

Вториот дел мина во игра гол за гол, Хановер беше екипа која почесто водеше, ама Минден лесно и брзо се враќаше. Во неколку наврати гостите поведуваа со по два погодоци, но ниту тоа не успеваа да го задржат. Во трилер завршница Хановер ја испушти предноста, а Минден успеа да слави триумф со погодок во последните секунди. 

Македонскиот репрезентативен бек Кузмановски постигна еден погодок од два обиди, а двајцата најефикасни ракометари доаѓаа од Минден. Со по седум голови се истакнаа Гуликсен и Шурлоф, додека пет даде Мартиновиќ од Хановер.