Куманово за едно полувреме ја реши Гевгелија

Ракометарките на ЖРК Куманово по ремито во првиот дуел од Женската лига на гостувањето кај шампионот Вардар, ја остварија првата победа, откако славеа на домашен терен против составот на Гевгелија со 30-21.

Кумановчанки отворија со водство од 7-1, но гостинките се вратија во мечот и на пристојна негатива до паузата од три голови разлика, 16-13.

Во второто полувреме Боризовска и Пеовска се разиграа и домашниот тим се одлепи на +5. До крајот немаше дилеми околу победникот и кумановчанки ја затворија средбата со конечни 30-21.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Трајковиќ со осум голови и Викторија Пеовска со шест, додека во гостинскиот состав на Гевгелија се истакна Михаела Митревска со осум, а Драгана Стојанова постигна шест погодоци.