Куманово убедлив против Струга и побегна во трката за бараж

Ракометарите на МРК Куманово забележаа многу важна победа во првото коло од плеј-аутот во Суперлигата, откако директниот конкурент за баражот Струга го совлада со 30-20 (13-8).

  • Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Струга:

Клучниот период во кој кумановскиот тим направи разлика беше последната третина од првиот дел. Дотогаш беше 8-8, а потоа следуваше серија од 5-0 и водство на домаќинот на пауза од 13-8.

Во второто полувреме разликата полека се зголемуваше од минута во минута и на крај Куманово  забележа убедлива победа од десет гола предност. 

Со оваа победа Куманово има 9 бода, што се два повеќе од Струга која е на претпоследната позиција, додека Радовиш сè уште е без освоен бод. Последниот тим на табелата се сели во Првата лига, додека претпоследниот ќе игра бараж.