• Иван Димовски
Ракометниот клуб Куманово ги стартува подготовките за втората полусезона во Суперлигата. Амбициите на клубот се да се избори што е можно подобра позиција во првиот дел од сезоната, за потоа да се обезбеди опстанок во елитата.
Тренерот Љубиша Димковски во петокот ја одржа првата прозивка и тимот започна со подготвителниот период пред стартот на вториот дел од сезоната. На првата прозивка се појавија и засилувањата кои ги имаше во солидна бројка оваа зима.
Во Куманово пристигнаа бразилските ракометари Жоао Виктор Соарес Флорес, Џанкарло Фелипе Хен и Гилерме Да Силва Фернандес, хрватскиот бек Лука Матачиќ и домашните имиња Стефан Лазаревски и Григор Трајковски. Од друга страна заминаа Уча Гамзардија и Борјак Цековски.
Стартот на пролетната полусезона е закажан за осми февруари.