• Саше Љолес

Екипата на Куманово успеа да го победи „фенерџијата“ Радовиш во плеј-аутот на македонската Суперлига, славејќи со конечни 24-28 во натпреварот кој се играше во рамки на четвртото коло.
- Комплетниот натпревар помеѓу Радовиш и Куманово:
Добро се испотија гостите за да дојдат до победата, затоа што Радовиш одигра добро прво полувреме и имаше водство од два гола (12-10). Куманово успеа да ги земе работите под контрола на средината на второто полувреме, кога „побегна“ на највисоки +6, најавувајќи го третиот триумф во плеј-аутот.
Немаше домаќинот сили за ново враќање во резултатска смисла, па така, на крајот кумановци заслужено ги впишаа бодовите. Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Тоше Ончев со осум погодоци, а во редовите на Радовиш, пет гола запиша Васе Петров.
Во следното коло, Куманово го пречекува тимот на Пролет 62, додека Радовиш ќе гостува кај екипата на Струга.
ФОТО: МРК Куманово






