• Горан Упале

Екипата на Куманово досега е убедливо најактивниот суперлигаш на трансфер-пазарот ова лето. Во Куманово пристигна и шестото засилување за следната сезона, откако раководството на клубот го потврди потписот со Иван Митровски.
Станува збор за 27-годишен десен бек, кој минатата сезона ја мина во редовите на Радовиш, а своевремено беше и член на Аеродром.
Куманово одигра речиси без грешка во плеј-аутот во ланската сезона и заврши на првата позиција на табелата, а во новата се очекува да ги нападне местата кои водат во плеј-офот.
Досега во Куманово се преселија уште Јакимовски, Цековски, Димевски, Христовски и Бразилецот Каио Винициус де Соуза Мораис.
ФОТО: МРК Куманово