ЖРК Куманово се откажа, четири македонски екипи во Европскиот куп на ЕХФ

Четири македонски ракометни колективи ќе се натпреваруваат во квалификациите за Европскиот куп на ЕХФ во женска конкуренција. Откако ЖРК Куманово го откажа своето учество, местото го пополни РК Деспина од Прилеп. 

Така, во првото квалификациско коло за пласман во Европскиот куп кое всушност фигурира како втора рунда, ќе настапат ЖРК Вардар, ЖРК Металург, ЖРК Чаир и Деспина. Само седум екипи ќе ја скокнат оваа рунда и ќе одат во третата, а меѓу нив нема ниту една македонска. 

Ждрепката за натпреварите од Европскиот куп ќе се одржи на 20 јули. Првите натпревари од втората рунда се планирани за 16 и 17 октомври, додека реваншите ќе се играат на 23 и 24 истиот месец.