Куманово преку Скопје до прв сезонски триумф во Суперлигата!

Ракометарите на Куманово славеа убедлив триумф со 29-21 над екипата на Скопје во 12. коло од групата А во македонската Суперлига. Ова беше дуел на две екипи кои досега немаа ниту еден триумф, а радоста овој пат остана кај домашниот тим. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Куманово и Скопје:

Скопје одигра храбро во првот дел и на паузата беше нерешено (12-12), но во второто полувреме сликата комплетно се промени и на теренот постоеше само еден тим. Кумановчани беа многу помотивирани и тоа го докажаа со одлична серија од 6-0, а на крајот славеа со конечни и убедливи 29-21. 

Најефикасен во победничкиот табор беше Ѓурковиќ со осум гола, додека кај гостите од Скопје ист учинок имаше Давор Шокоски.