Куманово преку Бисинов до две суперлигашки победи во низа

Ракометарите на Куманово го совладаа новајлијата Бисинов Фруит Ленд со 25-30 (12-13), на гостувањето во салата „Гемиџии“ во Велес. Овој дуел од петтото коло на Суперлигата мина во знакот на странските ракометари на гостинскиот тим, кој не ги крие високите амбиции сезонава.

  • Комплетниот натпревар меѓу Бисинов Фруит Ленд и Куманово:

Гостите отворија добро, со 0-3 и потоа водеа со 1-4. Сепак, Бисинов имаше реакција и успеа да врзе пет гола за 6-4. Водеа велешани и со пет разлика (11-6), но тогаш следеше пад во играта и гостите на одмор заминаа со 12-13. 

Во продолжението се играше израмнето на стартот, а потоа Куманово се наметна и почна да се одлепува. Водеа кумановчани и со пет разлика, за на крајот речиси рутински да го затворат мечот во своја корист. 

Најефикасен играч на натпреварот беше Давид Димевски со дванаесет реализации, додека кај Бисинов се истакна Тоше Ончев со шест.