Куманово потфрли во Лвoв и е пред елиминација од ЕХФ Купот

Првиот од двата дуели меѓу Галитчанка и ЖРК Куманово заврши во полза на украинскиот претставник, кој го одбрани домашниот терен и запиша убедлива победа (33-17).

Многу е веројатно дека македонскиот тим ќе остане без пласман во осминафиналето на ЕХФ Купот, со оглед на тоа што и реваншот ќе го одигра на истиот терен во Лвов.

Долгото патување во Украина си го направи своето, па кумановчанки не можеа да парираат со ривалот на денешната средба. Во првиот дел имаа пристојна негатива од 11-8, но потоа работите целосно се свртија во корист на домашната екипа.

Следуваа подобри минути на Галитчанка која набрзина побегна на двоцифрена разлика. Мечот се одлучи во првите десет минути од вториот дел, кога резултатот на семафорот ја покажуваше доминацијата на домашните ракометарки.

  • Комплетниот натпревар меѓу Галитчанка и ЖРК Куманово: 

Полиак со осум погодоци беше нерешлива енигма за Куманово, а одличен настап запиша и Дмитришин која погоди во седум наврати. Во редовите на македонскиот клуб најдобри беа Боризовска и Трајковиќ со по четири гола.

Вториот меѓусебен дуел е закажан за два дена со почеток од 11:00 часот.