• Саше Љолес

Екипата на Куманово се избори за гостински триумф кај тимот на Радовиш, славејќи со конечни 19-30 во натпреварот од дванаесеттото коло во македонската ракометна Суперлига.
- Комплетниот натпревар помеѓу Радовиш и Куманово:
Гостите одиграа одлично и прикажаа извонредна игра, која резултираше со седум гола предност на паузата меѓу двете полувремиња (8-15). Беше јасно дека радовишани ќе имаат тешка мисија за било какво изненадување во продолжението, а Куманово „побегна“ и на +10, по што веќе беше јасен победникот.
Во второто полувреме кумановчани продолжија во силен ритам и сосема заслужено славеа со конечни 19-30. Најдобар поединец кај победниците беше Александар Стојков со перфектен учинок (11/11), а во редовите на Радовиш се истакна Мартин Димов, кој впиша четири погодоци зад своето име.
За Куманово ова е само втора победа сезонава, додека Радовиш останува закован на дното со чисти дванаесет порази од исто толку одиграни натпревари.








