Куманово лесен залак за разиграните бутелци

Претпоследниот меч од 12. коло во македонската Суперлига донесе убедливо издание и победа на Бутел Скопје кај Куманово (19-31).

  • Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Бутел Скопје: 

Големиот фаворит ја оправда улогата со одлична игра, особено во второто полувреме. Првиот дел исто така заврши во полза на гостите, кои сепак клучната разлика ја направија во продолжението од мечот.

Домашната одбрана одново не беше на посакувано ниво. Бутелци покажаа голема ефикасност во завршницата од мечот, кој го завршија со висока разлиика, со која ги потврдија бодовите. Филип Николов со осум гола беше најефикасен кај победникот, а кај кумановчани се истакна Вучко Мрвовиќ со исто толку реализации.

Бутел е на третото место на табелата, зад водечките Вардар и Алкалоид, а Куманово со ист учинок како Вардар Неготино го дели последното место.