Куманово „лесен залак“ за расположените охриѓани

Ракометарите на ГРК Охрид целосно ја оправдаа фаворитската улога и прелесно го освоија теренот на МРК Куманово (22-31). 

  • Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Охрид: 

Четвртото коло за охриѓани донесе рутинска победа. Очигледна беше разликата во квалитет меѓу ривалите. Во првото полувреме се играше ефикасно, а гостите со сигурни 10-16 заминаа во соблекувална. Тоа им овозможи мирно да влезат во остатокот од средбата.

Следуваше нова серија на Охрид, кој првпат се одлепи на двоцифрена разлика. Тоа беше најчестата глетка на семафорот, особено во завршницата. Бодовите заминаа за гостинот, кој оствари втор позитивен резултат оваа сезона.

Андоноски, Озтурк и Цејовиќ со по шест гола беа најефикасни кај Охрид. Мрвовиќ беше најсветла точка кај домашната екипа со осум погодоци.