ЖРК Куманово ја засили левата крилна позиција со Граматова

Куманово

Пена Граматова денес беше официјално претставена како нов член на екипата на ЖРК Куманово. Се работи за ракометарка која настапува на левата крилна позиција. Пред да потпише со кумановчанки, 22-годишната велешанка ги бранеше боите на Металург.

Клубот зад себе остави успешна ланска сезона во која ја освои двојната круна. Поради тоа од општината беше награден со премија од 100.000 денари.

Македонскиот првак во август се пријави на турнир во Чешка, каде ќе се подготвува за предизвиците во новата сезона. Сепак, иако имаше место во евро-куповите, ЖРК Куманово се откажа од таа можност и отстапи место за Деспина од Прилеп.