Куманово ја скокна првата елиминациска Куп-пречка

Екипата на Куманово ја оправда фаворитската улога и со домашен триумф над Текстилец (28-21) ја мина првата елиминациска пречка во Купот на Македонија.

Суперлигашот очекувано беше подобар од ривалот со пократок и понеискусен ростер и се пласира понатаму. Неизвесност постоеше само по првиот дел кога беше 12-9, а останатото беше лесна задача за фаворитот на хартија.

Влатко Тасевски заврши со седум постигнати гола, пред Зоран Ѓурковиќ со пет реализации, додека кај Текстилец, Дарио Јорданов погоди седум пати.

Претходно следна фаза во Купот на Македонија обезбеди и уште еден суперлигаш, Пролет 62.