• Мартин Танасковски

ФОТО: МРК Куманово - ТД , Тијана Додевска
Екипата на Куманово забележа важна победа во плеј-аутот и на домашен терен славеше над Фруитленд Борец, кого го совлада со 28-25 во разигрувањето за опстанок во елитното друштво.
- Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Фруитленд Борец:
Првиот дел беше израмнет, а во вториот Куманово беше доста подобар ривал. Иако велешани тргнаа подобро и имаа 4-7 во првиот дел, домашниот тим предводен од Димевски и Гиљерме да Силва се врати во мечот, а на пауза замина со 14-13.
Главната разлика Куманово ја направи кога во финишот од 23-23, даде четири гола во низа и се одлепи на 27-23, резултат кој беше недостижен за ривалот од Велес.
Давид Димевски беше најдобар со седум гола, а Матачиќ и Да Силва имаа по шест, додека кај Борец, не помогнаа деветте гола на Гуедеш, со уште седум на Миланов.