• Горан Упале

Македонскиот суперлигаш Куманово, по серијата засилувања во играчкиот кадар, претстави ново име и во стручниот штаб.
Куманово својот тренерски тим го засили со Горан Чавејски, кој ќе ја извршува фукнцијата тренер на голманите.
Чавејски е поранешен ракометен голман кој во својата играчка кариера настапуваше за тимот на Куманово и Пролет во Македонија.
Во Холандија играше за екипите на Харо Ротердам и Ситар , а пак во првенството на Белгија беше дел од тимот на Спортинг Нерпелт.