Куманово без сили за сензација, важна победа на Бутел во борбата за плеј-оф

Ракометарите на Бутел Скопје впишаа важна победа во борбата за плеј-оф, победувајќи го Куманово дома со 37-29 (17-12) во 15. коло на Суперлигата. За бутелци ова беше седмо сезонско славје, со што одржаа чекор со Прилеп и се приближија на Еурофарм Пелистер 2 на табелата. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Бутел Скопје и Куманово:

Гостите поведоа единствено само на почетокот на средбата во Скопје. Потоа Бутел се наметна, па по 3-3 направи серија од 4-0 со која се одлепи на 7-3. На тоа следуваше одговор со три гостински гола, а иако и уште еднаш Куманово стигна на „минус еден“ немаше сили за егал. Домашните со подобра игра во финишот на полувремето се одлепија и на пауза заминаа со 17-12. 

Во вториот дел предноста дополнително порасна, достигна максимални 23-14, а тогаш Куманово даде свој одговор. Гостите направија целосна серија 5-12 со која се приближија на само два гола негатива. Сепак, Бутел се консолидира и на крајот убедливо го победи ривалот. 

Филип Николов блесна и го водеше тимот на Бутел до победа со 12 гола. Во таборот на Куманово по шест пати реализираа Ончев и Стојков.