• Саше Љолес

Ракометарите на Пролет 62 го забележаа третиот триумф во плеј-аутот на македонската Суперлига и го совладаа тимот на Куманово со конечен резултат 24-20.
- Комплетниот натпревар помеѓу Пролет 62 и Куманово:
Домаќинот ја оправда благата фаворитска улога во пресрет на мечот и водеше со три гола разлика во не премногу ефикасното прво полувреме (11-8), но во вториот дел нештата се подобрија кога се работи за реализацијата во двете насоки.
Пролет покажа дека во моментов е во подобра форма и постојано имаше три до четири гола предност, а во два наврати имаше и „плус пет“. Кумановци се обидоа да се вратат во резултатска негатива, но побединикот дефинитивно беше решен во последните минути и Пролет славеше со конечни 24-20.
Шилегов, Стојановски и Палевски постигнаа по пет кола кај Пролет, а во поразената екипа седум погодоци впишаа Фелипер Џанкарло Хен и Гилерме Да Силва Фернандеш. Во следното коло Пролет ќе патува во Радовиш, додека Куманово ќе го пречека тимот на Бисинов Фруитленд.