Кумановчанки убедливи, победи и за Пелистер, Спартак и ЖРК Гевгелија

Ракометарките на Куманово прокнижија нови бодови со нова фуриозна победа, овојпат во Скопје кај ЖРК Ѓорче Петров од 40-19. Иако веќе ја обезбедија двојната круна, кумановки не ја пуштаат ногата од „гаста“ и продолжуваат со одличните партии. Ѓорчепетровки парираа само на стартот, но гостинските ракометарки лесно се одлепија и го диктираа темпото до крајот. 

Со осум погодоци најзапазен настап имаше Бранкица Марковиќ, додека по шест дадоа Боризовска и Србиновска. 

Победа запишаа и ракометарките на ЖРК Пелистер, откако на свој паркет го совладаа гостинот од Овче Поле со 24-19. Битолчанки водеа од стартот, на момент имаа и седум голови предност, но мечот сепак заврши со пристојна негатива. Сентовска беше најпрецизна со пет реализации кај Овче Поле, додека кај Пелистер по четири дадоа Милосављевиќ, Белевска и Јанкуловска. 

На останатите терени победнички бодови прокнижија и ЖРК Гевгелија против Кузман Вардар (25-21), а во супер-ефектен натпревар Спартак го доби Шампион (39-28).