• Иван Димовски

Ракометарките на ЖРК Куманово славеа во дербито со Вардар (25-26), со што и дефинитивно ги отфрлија надежите на скопјанки дека можат да се борат за трофејот во Суперлигат.а
Во изедначен натпревар, иако домаќинките во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ поведоа, кумановки потоа диктираа темпо и беа подобар ривал. На пауза гостинските ракометарки заминаа со водство од 11-14, а потоа вардарки се вратија во натпреварот.
Вториот дел мина во знакот на резултатска брканица, Вардар се обидуваше да се врати и двапати дојде до егал, но не ја искористи шансата за позитивен резултат. Кумановки се израдуваа на крајот со еден погодок во нивна полза.
Најефикасна ракометарка на теренот беше Јована Кипријановска со осум реализации, додека кај Вардар шест постигна Ивона Трпевска. Кумановки се лидер на табелата во Суперлигата со 36 бода, три повеќе од ривалките во пресрет на дербито против ЖРК Ѓорче Петров кое може да одлучи многу.
Ѓорчепетровки пак во текот на вчерашнито ден славеа против ЖРК Деспина (17-29).